Познатата навивачка Ивана Кнол од Хрватска доби силна конкуренција – атрактивната Клаудија Ривиер. Клаудија е карактеристична по бујните гради, кои не можат да останат незабележани.
На Инстаграм често можат да се видат провокативни фотографии од оваа атрактивна навивачка, додека во главен фокус ѝ се градите.
View this post on Instagram
Клаудија ги израдувала своите следбеници и споделила фотографии на кои е многу разголена, додека врз градите има само ленти со мотиви на хрватското знаме. Таа на тој начин ѝ испратила поддршка на хрватската фудбалска репрезентација.
Интересно е дека нејзините гради се наводно природни, и дека не ставала силикони – барем така вели.
View this post on Instagram
„Ниту за милион години не би помислила дека градите волку ќе ми пораснат. Никогаш не сум била на операција, ниту сум правела некакви корекции на градите, а не сум користела ниту суплименти или било што друго што денес постои на пазарот. Едноставно ова е генетика и тоа дури не директна од моите родители“, напишала таа на својот Инстаграм профил.
Почетокот на СП во Катар ја направи славна, а таа во една прилика на Инстаграм напишала: „СП во Катар официјално започна. Можам ли да ве мотивирам да почнете да навивате за Хрватска? Ќе се обидам“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нејзините објави воодушевиле многумина, а имало и такви кои ја искритикувале премногу остро.
„Па, можеш да навиваш за Хрватска, но во твојата земја. Бидејќи во Катар со тој аутфит би добила 15 години затвор“, гласи еден од коментарите.