Во Грција се воведуваат нови мерки за невакцинираните: На сила ќе стапат од септември

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикилиас денеска ги објави новите мерки кои се однесуваат на невакцинираните лица против Ковид-19.

Соопштено е дека ќе престане бесплатното тестирање на вирусот за невакцинираните лица за да се зголеми стапката на вакцинација, а Грција да може да се соочи со евентуалниот нов бран на инфекцијата.

Google search engine

Ова се новите мерки:

– Невакцинираните работници во приватниот сектор ќе бидат обврзани на брзи лабораториски тестирања еднаш неделно на свој трошок (10 евра).

– Невакцинираните наставници и работници во туризмот, угостителството, телевизија, филмска и театарска продукција ќе мора двапати неделно да се тестираат.

 Невакцинираните ученици ќе се тестираат сами двапати неделно, а тестовите ќе бидат бесплатни.

– Невакцинираните студенти ќе мора да прават два лаборатористи теста неделно на нивни трошок (10 евра).

 Невакцинираните патници постари од 12 години ќе мора да имаат брз лабораториски тест не постар од 48 часа пред патувањето.

– Од 13 септември само оние кои се вакцинирани и оние кои имаат симптоми на Ковид-19 ќе можат да прават бесплатни тестови во јавни установи.

– Во затворени места за забави, кафулиња, ресторани, ќе можат да влезат само оние кои се вакцинирани и имаат потврда дека прележале коронавирус.

– Театрите, кината, музеите: во нив можат да влезат и невакцинираните со брз тест не постар од 48 часа.

– Затворени теретани: ќе можат да ги користат вакцинираните лица, оние кои прележале Ковид-19 и невакцинираните со негативен брз тест не постар од 48 часа.

– Во затворени работни простори работодавецот по закон има право да знае дали вработените се вакцинирани.

– Ќе се користат маски во сите затворени и отворени простории каде има собир на луѓе.

Кикилиас нагласил дека ќе мора да го запрат работењето за здравствените работници кои не се вакцинирани од 1 септември со најмалку една доза или пак немаат потврда за прележана болест.

„Задолжителна вакцинација исто така се однесува и на приватните доктори“, додал тој.

Околу шест милиони луѓе во земјата од 11 милиони веќе примиле една или две дози против Ковид-19, но потребен е уште еден милион за да се постигне колективен имунитет.

„Во споредба со есента минатата година, оваа есен сите можат да се вакцинираат“, изјавил министерот за здравство.

Тој додал и дека само вакцинираните лица ќе имаат право бесплатно да се тестираат.

„Овие мерки не се казнени. Тие се наша должност кон оние кои поминале 18 месеци во пандемијата, оние кои ги изгубиле работните места, оние кои морале да работат од дома за да се заштитат“, изјавил тој.