Меган Фокс покажа две предизвикувачки модни изданија појавувајќи се на два различни настани во иста вечер и се пофали со фотографии на Инстаграм.
Фокс се појавила на забавата на магазинот GQ, а потоа и на прославата на брендот Jean Paul Gultier, а за овие прилики носела впечатливи модни комбинации.
Актерката го придружувала својот вереник Машин Ган Кели на забавата на GQ и се појавила во прилично предизвикувачка облека. Таа носела проѕирен црн мрежест фустан под кој ѝ се гледала долната облека.
Носела црни сандали, а косата ѝ била крената во растурена пунџа.
View this post on Instagram
За забавата на Jean Paul Gultier, Меган носела фустан кој потсетува на иконскиот градник на Мадона од истиот бренд.
Белиот фустан на актерката, дизајниран од Oliviera Rousteing, бил со корсет без прерамки со набори од обвиткана ткаенина што паѓа по нејзините колкови, како и шлиц напред.
Таа ја задржала истата фризура од првиот настан, а изгледот го комплетирала со бели потпетици.
„Два настани една ноќ“, напишала Меган покрај серијата фотографии од своите комбинации, додавајќи: „Кога е време да останете во кревет и да јадете колач со ѓумбир, гледајќи го half blood prince???“.