Во 90-те жените лудуваа по него: Нема да верувате како изгледа денес славниот актер од „Касандра“

Иако поминаа две и пол децении откако последен пат го видовме познатиот Игнасио од ултра-популарната серија „Касандра“ – сè уште изгледа одлично.

Во една од првите латино теленовели кои ја освоија планетата, Освалдо Риос толкуваше две улоги, Игнасио и неговиот брат близнак Луис Давид. Маркантниот Порториканец ја отвори седмата деценија од животот и се променил со само неколку брчки на лицето.

Google search engine

 

Жените воздивнуваа по него, се шпекулираше и дека Шакира не можела да му одолее, со голема возбуда се прераскажуваа епизоди од хит сапуницата – на тоа многу добро се сеќаваме, но ако го погледнете неговиот Инстаграм профил, ќе се изненадите. Ќе ви застане здивот со ист интензитет како во старите добри времиња на „Касандра“.

Што да ви кажеме за згодниот Освалдо?

Позади себе има три брака и три сина, а од 2015-та година е во врска со колешката Ивелин Гиро. Во октомври го прослави 61-от роденден, но изгледа како да има барем 20 години помалку. Јасно е дека теретаната и понатаму му е омилено хоби.

- АУДИО РЕКЛАМА -