Во 80-те беше еден од најпознатите супермодели, а денес изгледа уште подобро

Даниела Пештова, која е родена во Чешка во 1970 година, минатиот месец наполни 51 година.

Нејзината модна кариера започнала веднаш по средното училиште, а иако планирала да запише факултет, по победата на еден натпревар за модели се преселила во Париз и потпишала договор со „Madison Modelling Agency“.

По живеењето во Париз, се преселила во Њујорк и во тој период нејзината кариера доживеала процут.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)

Пештова се појавувала на насловните страници на водечките магазини како „GQ“, „Marrie Claire“, „Elle“, „Cosmopolitan“, а редовно соработувала и со „Sports Illustrated“ како и со брендот „Victoria’s Secret“.

За разлика од повеќето манекенки од тој период, Даниела рано стапила во брак – имала само 25 години кога се венчала со Томасо Бути, тогашен извршен директор на „Fashion Caffe“ со кој го добила синот Јаник во 1996 година. Но, нивниот брак не траел долго – тие се развеле во 1998 година.

Оваа година, на Денот на менталното здравје, Пештова напиша на Инстаграм:

„И јас одев на терапија, ми помогна. Во тој период бев млада, разведена, самохрана мајка која живееше сама, далеку од семејството. Бев депресивна и се чувствував изгубено. Стрес, анксиозност, живот… Понекогаш не можеме сами да се избориме, понекогаш сè е премногу. Не е срамота да побарате помош, не треба низ сè да проаѓате сами“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)

Среќата ја пронашла покрај словачкиот музичар Павол Хабера, фронтмен на рок групата „TEAM“. Тие веќе 20 години се заедно и имаат 2 деца – ќерката Ела, родена 2002 година и синот Пол, роден 2009 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)

Интересно е дека Даниела течно зборува руски, англиски, француски и италијански јазик.

Таа сè уште е активна во модната индустрија и се појавува во бројни модни кампањи, а е чест гостин и на филмските фестивали и други манифестации во Чешка.

Минатата година заедно со Хелена Кристенсен учествуваше во кампањата за „Victoria’s Secret“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)