Внимавајте, ова може секому да се случи! На плажа во Грција ѝ се запалила торбата „од чиста мира“ – само поради една мала грешка

Ева Бако била на одмор на Крит во Грција, кога ѝ се случило нешто несекојдневно.

Имено, нејзината торба „од чиста мира“ се запалила додека таа се сончала на плажа.

Google search engine

Таа снимката од изгорената торба ја објавила на ТикТок, а во видеото рекла дека причината за оганот може да биде тоа што металното копче на торбата премногу се загреало.

„На почетокот бев шокирана, но на крајот ми беше смешно како сама се запалила“, рекла оваа 21-годишна туристка од Сасекс.

@evabacchoo AS IF 😩😩😩 #primark #primarkhaul #primarkbag #takeofffestival #malia #greece ♬ original sound – Eva Bacchoo

Раскажала дека сфатила дека торбата се запалила дури откако посегнала по шишето со вода кое било во неа. Открила дека торбата ја купила во ланец за „брза мода“ во април – а чинела околу 10 евра.

Портпаролката на споменатиот ланец на продавници рекла дека секој производ се тестира независно, за да бидат сигурни дека ги исполниле релевантните стандарди за сигурност и квалитет, пишува „The Argus“.

„Бевме изненадени кога слушнавме за оваа жалба и немавме други пријавени проблеми, но ако купувачот нѝ ја врати торбата, ќе ни биде драго ова дополнително да го истражиме за да разбереме што би можело да се случи“, рекла таа.