ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе достави предлог за укинување на „пржинската“ влада

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го достави предлогот за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.

Предложените измени  предвидуваат бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

Google search engine

Концептот техничка влада предвидува соработка меѓу власта и опозицијата во периодот до спроведување на изборите, имајќи предвид дека одлуките усогласено треба да ги носат и министерот и заменикот во ресорите, каде и власта и опозицијата имаат свои претставници. Решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Зоран Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Од 2016 година досега Македонија имаше две технички влади, првата предводена од Емил Димитриев, втората од Оливер Спасовски.

Согласно сегашното законско решение техничкиот премиер го предлага партијата на власт, најголемата опозициска партија ги предлага министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Власта има свои заменици во МВР и МТСП, додека опозицијата има свои заменици во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- АУДИО РЕКЛАМА -