„Влезница“ од 10 до 50 евра: Нудат пари за да ги пуштат на граница без тест

Поединци на војниците им нуделе 10, 20 и 50 евра само за да влезат во Австрија без потребните документи.

На австриските гранични премини, војниците кои ги контролираат епидемиолошките мерки, односно ги проверуваат документите како што е негативниот тест на коронавирус или потврда за вакцинација, се почесто се соочени со нудење на мито од патниците кои што сакаат да влезат во земјата.

Реклама

На главниот премин од Унгарија во Австрија, Никелсдорф, за 24 часа дури 8 лица кои немале негативен тест на коронавирус со себе, се обиделе со мито да ги убедат војниците да ги пуштат во земјата.

Тие им нуделе на војниците 10, 20 и 50 евра за без потребните документи да ги пуштат да влезат во Австрија.

Негативните тестови на коронавирус сега се доста барани затоа што тие претставуваат „влезница“, не само во одредена земја, туку и во рестораните, хотелите, фитнес центрите, базените и слично.

Поради тоа, тестовите кружат и на црниот пазар, а со фалсификувани документи речиси секојдневно се соочувале војниците на границите на Австрија, соопштија од командата на австриската армија.

Реклама