На социјалната мрежа Твитер се појави снимка на која претседателот на Русија, Владимир Путин седи во публика, а Володимир Зеленски стои на сцена и се шегува на негова сметка.
Снимката, која овие денови предизвика големо внимание на интернет, настанала на почетокот на 2000-те и делува сосема нереално. Рускиот новинар Слава Маламуд на Твитер објаснил што точно се случува на видеото.
Зеленски многу благо се пошегувал со Путин, а трикот бил во писмата што ја преплавија Русија во 1990-тите. Тогаш на луѓето им пристигнувале писма во кои ги замолувале да ги копираат деветпати и да ги испратат за да имаат среќа.
ААААА pic.twitter.com/R9TL9gDTNb
— Пётр Верзилов (@gruppa_voina) March 25, 2022
„Путин неодамна доби писмо во кое пишува ‘пребројте ја вашата популација деветпати и ќе бидете среќни’“, рекол Зеленски на сцената.
Публиката на тоа реагирала со смеа и аплауз, но Путин не бил претерано воодушевен. Маламуд додава дека Зеленски сакал на сцената да каже дека Путин засекогаш ќе остане на чело на Русија, но и дека сакал да го ‘боцне’ поради големиот пад на населението во Русија, кој е забележан во тие години.
Видеото на кое Зеленски е на сцена како комичар, додека рускиот претседател седи во публика, е направено во популарното руско натпреварувачко шоу на млади комичари КВН, а Зеленски долги години бил капитен на тимот од родниот град.