Рускиот претседател Владимир Путин остро ги отфрлил наводите дека неговата земја спроведува сајбер напади на САД како неосновани.
Путин ја дал изјавата во интервју емитувано денеска на “NBC”, два дена пред да се состане со американскиот претседател Џозеф Бајден во Женева, пренесува “AP”.
“Каде се доказите? Ова станува фарса”, рекол Путин.
“Не обвинуваат за различни работи – мешање во избори, сајбер напади и така натаму и така натаму и ниту еднаш, ниту еднаш не се потрудија да покажат било какви докази, само неосновани обвиненија”, рекол претседателот на Русија.