Владата денеска ќе одржи итна седница на која се очекува да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладнево произлегла таква препорака од заседанието на Главниот координативен штаб.

Според сознанијата на „
360 степени“, Кризниот штаб предлага од утре па во наредните 14 дена да бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два часа порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22.00 часот, тој ќе почнува од 20.00 часот и ќе трае до 5.00 часот изутрина.
Во текот на денов се очекува Владата да одржи седница и да ги формализира одлуките.