Владата го претстави логото за 30-годишнината од независноста

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, беше претставено логото кое ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата.

„Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој“, велат од Владата.

Реклама

Како што беше образложено, на традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста.

Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност.

Логото по повод 30 годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе им биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на сеопфатната програма за одбележување на овој наш исклучително значаен настан – 30 години од референдумот на кој се изгласа независноста.

Реклама