Вијаграта може да стане лек за спречување на Алцхајмеровата болест !?

Според едно неодамнешно американско истражување, вијаграта би можела да биде корисен лек за третман против Алцхајмеровата болест.

Алцхајмеровата болест, која што преставува најчеста форма на деменција, е поврзана со стареењето, а секоја година погодува стотици милиони луѓе ширум светот. Сепак, и покрај се поголемиот број случаи, во моментов не постои ефикасен третман за оваа болест.

Google search engine

Користејќи голема мрежа за мапирање на гени, истражувачите од Клиниката во Кливленд интегрираа генетски и други податоци за да утврдат кој од речиси 1.600 лекови одобрени од Администрацијата за храна и лекови може да биде ефикасен третман за Алцхајмерова болест.

Силденафил, за кој се покажа дека значително ги подобрува коњуктивните способности и меморијата во претклиничките модели, а е претставен како најдобар кандидат за борба, изјави др. Феиксионг Ченг, водач на студијата.

Виаграта преставува и е заштитен знак на силденафил.

Истражувачите потоа користеа база на податоци со тврдења на повеќе од 7 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави за да ја испитаат врската помеѓу овој лек и исходот од Алцхајмеровата болест, споредувајќи ги корисниците на силденафил со оние кои не го прават тоа.

Тие откриле дека корисниците на силденафил имале 69 отсто помали шанси да развијат Алцхајмерова болест од оние кои не користеле силденафил по шест години следење на процесот.

За понатамошно истражување на потенцијалниот ефект на лекот врз Алцхајмеровата болест, истражувачите развија лабораториски модел кој покажа дека овој лек го зголемува растот на мозочните клетки и ги таргетира тау-протеините, овозможувајќи увид во тоа како може да влијае на мозочните промени поврзани со болеста.

Докторот предупреди дека студијата не покажала причинска врска помеѓу лекот и Алцхајмеровата болест.

Тој истакнува дека е важно ова истражување да докаже дека силденафилот е одговорен за намалување на ризикот од деменција, или забавување како и запирање на болеста.

Единствениот начин да се тестира ова би било големо клиничко испитување кое ќе го измери ефектот на силденафил според вообичаениот стандарден лек на нега на болеста, заклучи тој.

- АУДИО РЕКЛАМА -