На навивачка од Аргентина ѝ се заканува казна затвор откако целосно гола ја прославила титулата светски шампион на стадионот Лусаил во Катар.
Огнените аргентински навивачи приредиле забава на стадионот Лусаил, но и низ цела Аргентина, а таа ќе трае со денови, тоа е сигурно.
Во моментите на славење големо внимание привлекла една навивачка која целосно се соблекла и ги покажала градите по последниот свиреж на судијата.
Не се надевала дека камерите ќе ја снимат, бидејќи ѝ се заканува затворска казна.
Better angle 😍 pic.twitter.com/GTC930mtxJ
— Beasty (@beastybeau) December 19, 2022
Земјата Катар ги предупреди навивачите пред почетокот на Мундијалот дека мора да почитуваат строги правила.
Туристичката управа на Катар ги замоли сите посетители на Светското првенство да покажат почит кон локалната култура со тоа што ќе избегнуваат да се соблекуваат во јавност.
Жените кои не се од Катар не мора да носат црна наметка која ја покрива женската фигура од глава до пети, но мора да ги почитуваат правилата и сигурно е дека оваа навивачка ќе биде осудена на затворска казна, пренесуваат катарските медиуми.
Истовремено, хрватската навивачка Ивана Кнол прекрши бројни кодекси на облекување, но во неколку наврати изјави дека не се плаши од казни.