(Видео) „Забава до бесвест“: Новак се соблекол на дождот сред концертот и почнал да „лудува“

Новак Ѓоковиќ сè уште ужива во Црна Гора, иако веќе почнал со тренинзите за продолжението на сезоната и турнирот во Синсинати, на кој се враќа на терен.

Тој заедно со сопругата Јелена ја искористиле приликата да отидат на концерт на Владо Георгиев, каде одлично се забавувале. Публиката воодушевено ги поздравила Ѓоковиќи, а ден подоцна социјалните мрежи биле „преплавени“ со видеа од забавата.

Google search engine

Новак бил во „свој елемент“, па во еден момент кога почнало да врне станал, ја соблекол јакната и почнал да мавта наоколу, на што и Георгиев се насмеал.

Новак и Јелена седеле покрај бината, а во еден момент му пришол на пејачот и срдечно се прегрнале.

Очигледно Ѓоковиќ навистина се забавувал на концертот, па ни дождот не успеал да му го расипе расположението.