(Видео) Видеото на „Tesla“ кое го промовира автопилотот е исценирано!?

Компанијата „Tesla“ во видео од 2016-та година, објавено за да се промовира способноста на автономното возење на нејзините автомобили на електричен погон, прикажала можности кои составите на возилото тогаш ги немале, пишува „Reuters“ повикувајќи се на сведочење на инженер вработен во „Tesla“.

Видеото, кое сè уште може да се види на интернет страницата на „Tesla“, покажува дека возилото е во состојба само за сопре кога на семафорот ќе се појави црвено светло или да тргне на зелено. На почетокот на видеото се гледа натпис: „Лицето на возачкото место е тука само од правни причини. Тоа не прави ништо. Автомобилот вози сам“.

Google search engine

Возачите преземале контрола во тест возењата

Извршниот директор на „Tesla“, Елон Маск тогаш на „Twitter“ објавил дека видеото покажува дека возилата на „Tesla“ возат сами. Но, директорот за софтвер за автономно возење на „Tesla“ Ашок Елусвами во пишан исказ пред судот во 2022-ра година изјавил дека „Model X“, кој е прикажан во видеото, не возел сам.

За да го направат видеото, во „Tesla“ користеле 3D мапирање на однапред одредена рута од куќа во Менло Парк во Калифорнија до тогашното седиште на „Tesla“ во Пало Алто, рекол тој. Возчаите интервенирале за да ја преземат контролата во пробни возења, рекол Елусвами. Кога се обидел да покаже дека „Model X“ може да паркира сам без возач, пробниот автомобил се забил во оградата на паркингот на „Tesla“.

„Намерата на видеото не беше точно да го прикаже тоа што им беше достапно на купувачите во 2016-та година. Целта беше да прикаже што може да се вгради во составот“, рекол Елусвами, според транскриптот на неговото сведочење во кој „Reuters“ имал увид.

 

„Tesla“ ги предупредила возачите дека мора да ги држат рацете на воланот додека го користат автопилотот

Елусвами, Маск и „Tesla“ не договориле на барањето на коментар од „Reuters“. Меѓутоа, компанијата ги предупредува возачите дека мора да ги држат рацете на управувачот и да ја задржат контролата над своите возила додека го користат автопилотот.

Технологијата на „Tesla“ е дизајнирана за помош при управување, сопирање, брзина и промена на лента, но тие работи не го прават возилото автономно, вели компанијата на својата веб страна. Американското министерство за правда започнало казнена истрага поради тврдењата на „Tesla“ дека нивните електрични возила ќе можат да возат сами од 2021-ва година, по низата судири во кои учествувал автопилотот, од кои некои биле и смртоносни.

Исказот на Елусвами е депониран во тужбата против „Tesla“ поради несреќа во 2018-та во Маунтин Вју во Калифорнија, во која загинал инженерот на „Apple“ Валтер Хуанг. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот заклучил дека смртоносната несреќа на Хуанг веројатно ја предизвикале неговата опуштеност и ограничувањата на автопилотот.