(ВИДЕО) Уапсени 10 лица за нелегална трговија со дрога во вчерашната акција на МВР на неколку локации во Скопје

Сузбиена е меѓународна криминална група за нелегална трговија со дрога, пришто приведени се 10 лица – државјани на Македонија, Албанија и Косово.

Како што соопшти МВР, запленети се околу 40 килограми марихуана со вредност над 200.000 евра.

Google search engine

Акцијата се случила синоќа, а приведените организирале транспорт на марихуана од Албанија преку Косово во нашата држава, со цел понатамошен транспорт за Турција.

„Имено, во ноќните часови, на локалниот пат кон селото Сопиште возила од страна на полициските службеници се запрени две патнички моторни возила. При извршениот преглед во багажникот на едно од возилата е пронајдена вреќа со спакувани 27 пакувања марихуана, додека другото возило имало задача да известува за присуство на полициски патроли, односно имало улога на ‘чистач’. Двете лица се лишени од слобода, а наркотичната дрога е одземена. Во исто време, на крстосница кај Трговскиот центар на подрачјето на Бит-пазар, од страна на полициски службеници се лишени од слобода три лица кои се превезувале со патничко моторно возило, меѓу кои еден албански државјанин, а едно лице е лишено од слобода во населбата Ѓорче Петров. Воедно на излез на Граничен премин – Долно Блаце, од страна на граничната полиција од слобода е лишен косовски државјанин при обид да побегне од државата. При извршен претрес на две локации во с.Патишка Река се пронајдени 26 пакувања марихуана, а од слобода се лишени две лица за кои биле распишани централни потерници, по судски наредби, за правосилна осуда на 2 години казна затвор и дополнителна мерка притвор за едното лице и судска наредба со определена мерка притвор за второто лице“, соопшти Обвинителството.

Од МВР истакнаа дека претреси биле извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, кај С.Ф.(36), при што биле пронајдени машини за копање на биткоини, со кои се вршела кражба на електрична енергија, како и на подрачјата на Карпош и на Бит-пазар, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а на излез на Граничен премин Долно Блаце, од страна на гранична полиција при Регионален центар Север бил лишен од слобода и косовскиот државјанин Ф.Т.(32), при обид да побегне од државата.

Во текот на денешниот ден јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција ќе донесе наредба за спроведување истрага против десетте лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничените во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на судот ќе му предложи на осомничените да им биде изречена мерка притвор.​

ПретходнаКривична пријава за 4 лица од поранешното скопско раководство, за веб-страна платенo 75.000 евра
СледнаГолемо тестирање: Еве кои автомобили се најдобри по 100 илјади поминати километри