Уапсен е жител на Вевчани кој што на социјалните мрежи објави видео во кое што испраќаше смртни закани до премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски како и водечките функционери во државава.
45-годишниот Вевчанец е приведен поради сомнение дека сторил две кривични дела – загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобични материјали по пат на социјалните мрежи, пренесува „А1 on“.
Инаку, полицијата извршила и претрес во неговиот дом. Вевчанецот на својот Фејсбук профил објавил видео со заканувачка содржина, во кое што промовира и поттикнува омраза, дискриминација и насилство.
При претресот во неговиот дом биле пронајдени и одземени лап-топот и другите предмети поврзани со ова кривично дело.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани. Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица“, објави МВР.
Г-дин Поповски од Вевчани повикува на убиство на Заев и Пендаровски
Оливер, ти си на ред pic.twitter.com/uqyCfJR42y— Dimko (@ddimkooooo) January 4, 2021
„Ќе те бесам, ќе те колам, само да ми паднеш во раце. Господин, господин Попоски, само да не ми паднеш во рацете. Ова е господин Попоски и праќам еден апел, твојата фамилија догодина да носи црно за тебе… Зоран Заев е готов, на чивилук ќе те бесам. Крст ќе ти ставам, еве овој крст, ќе те колам Заев што си предавник на македонскиот народ кој трпи. Нема да трпи, јас ќе те бесам. Маме, мамино….Умри Зоран Заев, Стево Пендаровски, умри, готови сте од мене…“, вели тој во видеото.