Видео: Трагедија утрово го потресе Гостивар – пожарникарите изнеле безживотно тело на дете од зграда, жена се бори за живот

Во пожарот кој што се случил утрово во осум часот во станбена зграда во Гостивар, едно дете починало, а една жена е во животна опасност пренесена во гостиварската болница.

Според очевидците и станарите на зградата од пожарот кој се случил утрово почнал да се шири чад, а станарите од зградата на улицата „Кеј Вардар“ веднаш почнале да се евакуираат.

Google search engine

Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и жена на 35-годишна возраст, а и двајцата веднаш биле пренесени во градската општа болница во Гостивар.

На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето која што неофицијално настанала поради задушување, додека пак жената е во животна опасност.

 

Дежурниот пожарникар Изет Изети во изјава кажал дека непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две пожарникарни возила и за половина час го локализирале огнот.

Според неофицијални информации, огнот прво се појавил во една од собите на станот во кој што престојувало повеќечлено семејство, а според станарите за спречување на ширењето на огнот и поголема штета, голема улога имала брзата интервенција на пожарникарите.

Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се констатираат точните причини кои што довеле до овој трагичен настан.