(Видео) Стравичен верижен судир во Турција, најмалку 12 лица загинаа

Најмалку 12 лица загинаа, а 31 лице се повредени, од кои тројца потешко, во верижен судир во јужната турска провинција Хатај, соопштија властите.

Несреќата се случила во саботата вечерта кога камион, откако возачот изгубил контрола, се судрил со друг камион, а потоа удрил во девет автомобили и два минибуса кои биле паркирани покрај патот, по што избувнал пожар, објави турската државна телевизија ТРТ.

Google search engine

Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека на местото на несреќата во Топбогазла се испратени 22 амбулантни возила.

 

Хатај е една од турските провинции која беше тешко погодена од катастрофалните земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија.