(Видео) Српски пратеник му рече на Вучиќ: „Луташ бебе, луташ“, а Вучиќ му одговори…

Пратеникот во српското Собрание, Радомир Лазовиќ му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со стиховите на народната песна „Нека ствар“ на Маја Беровиќ.

На седницата на која се разговарало за Косово, Лазовиќ му рече на Вучиќ: „Луташ бебе, си залутал од патот бебе“.

Google search engine

Тој своето обраќање го заврши со изјава дека српското општество „залутало“.

Вучиќ тогаш одговори дека овој цитат „ќе влезе во аналите на Собранието“.

„Ти честитам за тоа. Тоа, би рекол, е нешто што ќе влезе во аналите на Собранието – дека во дебатата за Косово луѓето слушаат за тоа: ‘Луташ бебо…’. Мислам дека тоа е највисок степен на одговорност што можевте да го покажете во дискусијата за Косово.

„Ниту сум бебе, ниту лутам, веќе си имам своја политика“, заклучи Вучиќ.