(Видео) Сопственикот на куќата пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец нападна снимател на ТВ 24

Екипата на ТВ 24 беше нападната на улица Пржино бр. 28Б, пред куќата која е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко.

Сопственикот на куќата на чија адреса е пријавено дека живее Украинецот Олександар Онишченко, кој е гонет за корупциски скандали и проституција, најпрво ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата. Потоа продолжува да му вика на снимателот, кој стои на јавна површина.

Google search engine

Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил да биде живеалиште на Онишченко во Скопје, продолжува со пцовки и погрдни зборови кон снимателот на ТВ 24, а потоа и физички го напаѓа со боксови.

На социјалните мрежи беше објавена снимката од бруталниот напад од страна на сопственикот на куќата.