(Видео) Снимка од расправијата на Вучиќ со Вук Јеремиќ која беше на работ на тепачка

Српската народна партија на својот „Твитер“ профил објави снимка од конфронтацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ со опозициските политичари, вклучувајќи го и шефот на Српската народна партија и еден од опозициските лидери, Вук Јеремиќ. Сè беше на работ на физичка пресметка.

Претставниците на Народната партија, Вук Јеремиќ, Владимир Гајиќ, Мирослав Алексиќ, Борислав Новаковиќ, се појавија во фоајето на српското претседателство во петокот наутро по поканата на Вучиќ да дојдат и да се обидат да го линчуваат.

Реклама

На почетокот на снимката, Јеремиќ му вели на Вучиќ дека е крадец, предавник и кукавица, а потоа го повикува на физичка пресметка.

Погледнете и прочитајте како изгледало.

Јеремиќ: Излези. Дали сакаш да излеземе заедно?

Вучиќ: Ајде да излеземе! Ајде!

Вучиќ: Сакаш тука напред да излеземе?

Јеремиќ: Ти си претседател! Ајде! Дали сакаш да излезам?

Вучиќ: Каде сакате! Каде сакате!

Во тој момент обезбедувањето го предупредува Вучиќ дека не е паметно да излегуваат надвор затоа што емитуваат сè во живо. Во исто време, Јеремиќ дофрлува „Ајде, Ајде“, додека Бора Новковиќ го прашува Вучиќ зошто сега бега.

– Сакате да ме линчувате, девојчиња. Сакаш да ме линчуваш, девојко една! Не смеете да ме линчувате, девојко една – рече Вучиќ кон крајот на снимката.

 

Реклама