(Видео) Снимена необјаснива појава на кинеското небо, тврдат дека е НЛО: Снимката е автентична, а пристигна и стручно толкување

На Инстаграм се појави видео од Кина на кое се гледа необјаснива појава на небото, слична на НЛО, која ги оставила очевидците без зборови.

Очевидци во централната кинеска област Минкуин снимиле видео од објект на небото кој зад себе оставил многу необична трага која наликува на полноглавец.

Google search engine

Според Newsflare, снимката била направена во таа област на 12 ноември. Ли Ланг, професор по астрономија во Пекинг, за медиумите изјавил дека најверојатно станува збор за „лансиран вештачки астрономски објект“.

Оваа појава секако предизвикала шок кај корисниците на социјалните мрежи.

Многумина се прашувале што би можело да биде тоа, а голем број од нив претпоставиле дека се работи за неидентификуван летечки објект.

Без разлика на одговорите, повеќето корисници на Инстаграм се согласиле дека глетката изгледа неверојатно. Меѓутоа, некои биле и премногу љубопитни.

„Добро, може ли некој да ми каже што е тоа за да можам да заспијам вечерва?“, гласи еден од коментарите.

„Тоа зајдисонце мора да било прекрасно, но ова е шлаг на тортата“, гласи друг коментар.

Во меѓувреме, трет корисник вели: „Тоа е лансирање ракета, во последната секунда може да се види одвојувањето на првата фаза и палењето на моторот на втората. Меѓутоа, тоа би можело да биде некаков тест на балистичка ракета“.

- АУДИО РЕКЛАМА -