Српската пејачка Сара Јо ја најави својата нова песна „Зло“ со провокативно тизер видео, а премиерно ќе ја изведе на вечерашното доделување на MAC музичките награди.
Сара Јовановиќ, на музичката сцена позната како Сара Јо, претходно го потврди својот настап на третото издание на доделувањето на музичките награди (MAC), каде ќе ја изведе новата песна „Зло“.
Таа со кратко провокативно видео ги заинтригира своите обожаватели, навестувајќи што ги чека на вечерашниот настан кој ќе се одржи во белградската Штарк Арена.
View this post on Instagram
Во видеото можете да ја видите Сара како провокативно танцува во долна облека, а во позадина се слуша текстот на нејзината нова песна.
„Во оваа моја соба има зло, ѓаволот дојде по своето, а каде е Господ?“, дел од текстот се слуша на видеото.
Српскиот портал Нова.рс пренесува дека пејачката на доделувањето ќе изведе уште една песна која публиката сè уште немала можност да ја слушне. Исто така, на репертоарот треба да се најде и нејзината песна „Divlja“.