(Видео) Репортер му се пожалил на чарлс дека го чекал 15 часа – неговиот ладен одговор брзо стана вирален

На интернет се споделува видео снимено пред Бакингемската палата за време на пристигнувањето на илјадници луѓе за да ѝ оддадат почит на покојната кралица Елизабета.

На снимката се слуша гласот на еден од новинарите кој му вели на кралот Чарлс Трети дека го чекал 15 часа да дојде пред палатата.

Google search engine

„О, не сте требале“, ладно одговорил Чарлс, а потоа се насмевнал. Видеото брзо се рашири на интернет и има речиси два милиони прегледи.

@kateandcambridges The answer of King Charles to this reporter of Wales On Line…. source: @johmrjones #Kingcharles #kingcharlesiii #charlesofengland #kingofengland #queencamilla #queenconsort #britishroyals #windsorfamily #Buckinghampalace #royals #royalnews #englishroyals ♬ sonido original – kateprincessofwales

„Неговата смисла за хумор е неверојатна“, „Можел барем да каже дека му е жал и да го цени чекањето“, „Само се шегувал“, „Требало да му се заблагодари“, „Ќе биде многу духовит крал“, се дел од коментарите.

За потсетување, погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи утре, 19 септември. Ковчегот ќе биде однесен во Вестминстерската опатија рано наутро.

На официјалниот дел од погребот ќе присуствуваат членови на нејзиното семејство и британски и светски лидери. По погребната церемонија, ковчегот ќе биде пренесен во замокот Виндзор, каде што ќе биде нејзиното последно почивалиште.

 

 

ПретходнаОбична фотографија стара 122 години на неа има морничав детаљ: Мистерија која сè уште не е решена
СледнаОвој пар „одвикнал“ двенеделно бебе од пелени: „Заштедивме многу, секој може“