(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во центарот на Москва

Бројот на загинати во пожарот, кој во неделата избувна во цветен магацин во центарот на Москва, се искачи на седум лица.

„Седмото тело е пронајдено“, изјави денеска за агенцијата ТАС С службеник од итната помош.

Google search engine

Пожарот кој избувна вчера околу 15 часот во цветен магацин на плоштадот Комсомолски во центарот на Москва, зафати 2.500 квадратни метри.

На пожарникарите им биле потребни девет часа за да го изгаснат пожарот.

Седум лица се евакуирани од објектот.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека во гаснењето на пожарот учествувале 42 возила и 121 пожарникар, како и едно противпожарно возило.

Во соопштението се додава дека во воздухот не се пронајдени опасни материи.