(Видео) Путин ги изгубил нервите! „Зошто се правиш луд?“: Се обидел да се контролира, но не издржал па го нападнал министерот

По повеќемесечните неуспеси на бојното поле во Украина, рускиот претседател Владимир Путин очигледно мора да ја прикаже својата цврстина, а тоа се видело на новиот состанок со неговите подредени.

Делувало дека Путин накратко ги изгубил нервите во текот на состанокот со службениците на владата во среда. До пресвртната точка дошло кога заменик премиерот Денис Мантуров јавно го поправил Путин откако овој се пожалил дека некои претпријатија сè уште не обезбедиле договори за изградба на нови авиони оваа година – тешка задача имајќи предвид дека Русија е на големо отсечена од увозот од Западот.

Google search engine

 

Снимката од средата покажува дека Мантуров, министер за трговија и индустрија, брзо возвратил дека инвестициските проекти се во тек, но Путин го пресекол за да се пожали дека тоа предолго трае, пренесува „Yahoo News“.

„Нема нарачки дури ни за 2023-та година во некои претпријатија“, рекол тој за повторно да го поправи Мантуров, наведувајќи дека сите претпријатија имаат нарачки.

Обидувајќи се да остане смирен, Путин повторно реагирал, инсистирајќи дека тој е во право, а дека Мантуров греши. Кога министерот го поправил по трет пат, рускиот претседател конечно „експлодирал“.

„Ајде да го завршиме ова, која е поентата на ова расправање со тебе? Директорите ми кажа дека нема договори. Навистина, зошто се правиш луд?“, му рекол Путин на Мантуров, барајќи да ги заврши работите за точно еден месец.

Делува дека руските медиуми го употребиле овој судир за да го зајакнат мачо имиџот на Путин, и известиле за строгиот укор за Мантуров.