(Видео) Претставничката на Шпанија се бакнува со девојка за време на прогласувањето на победникот на Евровизија

Шпанската претставничка Шанел Тереро го освои третото место на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, а за време на проглаасувањето ја изненади публиката со бакнеж со својата девојка.

Шанел ја совладале емоции после големиот успех, а додека жирито го прогласувало победникот, таа го прославувала освоеното трето место. Додека плачела од среќа, ја прегрнувала, а потоа и ја бакнала својата девојка.

Google search engine

Снимката од нивниот бакнеж е објавена на Твитер, со коментар дека Шпанија веќе победила.

На овогодишната шпанска претставничка на Евросонг, родена Кубанка, иако обложувалниците ѝ прогнозирале шесто место, Шанел во Торино се избори за третата позиција.

 

На многумина им се допаднал настапот на шпанската пејачка, но сепак не можела да помине без критики кои најмногу биле упатени на сметка на нејзиниот танц. Некои сметаат дека сето тоа било премногу.

- АУДИО РЕКЛАМА -