За време на инаугурацијата на новиот пат во Јужен Судан, на која присуствувал и претседателот на земјата, се случил несекојдневен инцидент кој не му „побегнал“ на снимателот на една локална телевизија.
Претседателот на земјата, Салва Кир Мајардит, бил дел од свеченоста, а вниманието на присутните го привлекол кога сите забележале дека неговите панталони менуваат боја.
Се претпоставува дека претседателот уринирал во гаќи и дека неговите панталони се навлажниле додека била интерпретирана националната химна.
The president of #SouthSudan, Salva Kiir Mayardit, peed himself in public while opening a road project. pic.twitter.com/qDCmkhYBUm
— NEXTA (@nexta_tv) December 15, 2022
На снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа дека претседателот стои со раката на срце, додека неговите панталони стануваат влажни.
Видеото стана вирално, а засега е нејасно дали претседателот бил свесен што му се случило.