Необична сцена била снимена на плажата Велика во Улцињ, кога од блискиот бар била пуштена химната на поранешната СФРЈ!
На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се забележи како посетителите на плажата застанале мирно кога се чуле првите тактови од химната „Еј, Словени“ преку разгласот, дел од нив пееле гласно, а на крајот одекнал силен аплауз.
Медиумите јавиле дека тоа било пракса секој ден во 18 часот. Видеото кое на социјалните мрежи го објавил познатиот кошаркарски тренер, Богдан Тањевиќ, предизвикало низа коментари на истите – на поединци химната на поранешната Република им разбудила носталгични чувства, додека на други грди спомени.
Zavrsetak “ radnog” dana na plazi Mojito.. u Ulcinju.. dnevno.. pic.twitter.com/XwS1Tvsdw1
— Bogdan Tanjevic (@BogdanTanjevic) August 3, 2023
„Многумина нема да разберат, но јас се наежив додека ја слушав химната на земјата во која сум родена“, напишала една корисничка.
„Некогаш имаше земја“, биле зборовите на друг корисник.
„Колективна Ф дијагноза“, резигниран бил друг корисник.
„Уште еден доказ дека Југославија живее во нас“, гласел друг коментар.
„Станав додека ја слушав“, навела корисничка.