(Видео) Површината на Балтичкото море “врие” поради протекувањето на гас

Балтичкото море го потресле експлозии пред да биде откриено протекување на гас од гасоводите Северен тек 1 и 2, кои под вода се протегаат од Русија до Германија. Протекувањето создава меури на површината на морето.

Во военото соопштение се тврди дека најголемото протекување “шири меури со дијаметар од еден километар, а најмалку создава круг од околу 200 метри во дијаметар”, а шефот на данската агенција за енергетика рекол дека може да пројде и една недела додека гасот да престане да протекува во морето.

Google search engine

„Површината на морето е полна со метан, што значи дека постои ризик од експлозија во тоа подрачје“, рекол Кристофер Боцув, додавајќи дека бродовите би можеле да ја изгубат пловноста доколку влезат во погоденото подрачје.

Данската премиерка Мете Фредриксен вчера изјавила дека нејзината влада на протекувањето на гасот гледа како на “намерна саботажа”.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -