(Видео) Последната снимка од брутално убиената Анастасија: Кобната ноќ снимена на мотор со главниот осомничен! Пред тоа таа била кај него дома

Грчката телевизија „ЕРТ“ го објавила едното од последните видеа на кои наводно била исчезнатата Анастасија Рубинска, а нејзиното тело било пронајдено во ров на островот Кос.

На објавената снимка, можело да се видат мажот од Бангладеш и Анастасија, како се возат на неговиот мотор – во понеделникот вечерта, на 12 јуни.

Google search engine

Инаку, осомничен за нејзиното убиство е токму тој, мажот од Бангладеш (32), со кој наводно била снимена ноќта кога исчезнала. Пред тоа биле кај него дома, што потврдил и неговиот цимер, но тој истакнал дека девојката дотогаш ја немал видено.

 

Како што претходно соопштила полицијата, таа вечерта му испратила неколку пораки на своето момче, Михаил, кој прв почнал со потрагата. Саатот на камерата покажувал 00:08:16 во вторник, но според сопственикот на куќата, часовникот бил напред 1 час и 9 минути, што значи дека вистинското време кога ја напуштиле куќата на Бангладешанинот било 22:59, во понеделник навечер. Исто така, на другата снимка, 2 дена по злосторството, бил забележан 32-годишен маж кој поминувал покрај истата камера, како се упатувал кон местото каде што наводно била убиена 27-годишната девојка и се вратил по 11 минути. Тој бил во притвор како главен осомничен, а семејството на Анастасија нагласиле како не постоел сомнеж дека нејзиното момче било вмешано во убиството.

Да потсетиме, телото на несреќната Анастасија било во напреднато распраѓање и пронајдено завиткано во чаршаф и две кеси за ѓубре и скриено под гранки и трева, зад грмушка. Жртвата била со лисици на рацете, нејзиното голо тело имало модрици и повреда на главата, додека судскиот вештак Панајотис Котрекоспо утврдил дека станувало збор за задушување и насилна смрт со давење, за која сè уште не се знаело дали е предизвикана од јаже или со рака.

Мобилниот телефон на Анастасија бил испратен во форензичка лабораторија за дополнителни анализи, кои покажале дека Бангладешанинот ги избришал фотографиите и сите повици, кои ги праќала во ноќта на убиството.