(Видео) Погледнете како руски борбен авион урна американски дрон

Американската медиумска куќа „CBS“ објавила анимирана симулација од инцидентот над Црното море во кој руски борбен авион се судрил со американски дрон.

Ден откако руски борбен авион „Su-27“ се судрил со американскиот дрон „MQ-9 Reaper“, американската медиумска куќа „CBS“ објавила симулација на тој настан.

Google search engine

Пентагон одржал прес-конференција по инцидентот над Црното море. Бригадниот генерал Пат Ридер потврдил дека руски борбени авиони во 7:03 часот урнале американски дрон.

„Проценуваме дека тоа веројатно предизвикало штета и на рускиот авион“, рекол Ридер.

Истакнал дека дронот не дошол во руски раце.

Дроновите летале на подрачјето на Црното море и пред почетокот на инвазијата на Украина, било кажано на пресот. Единственото необично однесување е тоа на рускиот пилот, порачал портпаролот.