Експлозијата била видлива во дијаметар од 500 километри, па жителите на Лондон и Париз, кои во тоа време не спиеле, можеле да уживаат во спектакуларната глетка.
Новооткриениот астероид “Sar2667” односно “2023 CX1” влегол во атмосферата во околу 4 часот наутро по македонско време експлодирал над Англискиот канал во близина на Нормандија. Големата и блескава кугла и експлозијата ја забележале бројни астрономи, но и вљубениците во астрономијата, кои снимките ги објавиле на социјалните мрежи.
#Sar2667 depuis Rouen c’est énorme !
Super lumineux ! pic.twitter.com/PMArwXHh5t— MegaLuigi 💬 (@MegaLuigi) February 13, 2023
Блескавата експлозија била видлива во дијаметар од 500 километри, па жителите на Лондон и Париз, кои во тоа време не спиеле, можеле да уживаат во спектакуларната глетка.
#Sar2667 depuis Rouen c’est énorme !
Super lumineux ! pic.twitter.com/PMArwXHh5t— MegaLuigi 💬 (@MegaLuigi) February 13, 2023
Инаку, малиот астероид е откриен само неколку часа пред ударот, во опсерваторијата “GINOP KHK” во Унгарија, додека 20 опсерватории ширум Европа го забележале неговото движење за да ја дефинираат орбитата и местото на влез во атмосферата.
Тоа е воедно е седми астероид кој астрономите го откриле пред да влезе во Земјината атмосфера.