Видео: По огнометот од американската амбасада, пожар на Кале

Вечерва околу 21.30 часот изби пожар под тврдината Кале, по големиот огномет што го организира Американската амбасада во Скопје по повод Денот на независноста, 4. јули.

На социјалните мрежи беа објавени видеа од пожарот.

Google search engine

На терен беа испратени возила на противпожарната бригада.

Според последните информации, пожарот е изгаснат.