(Видео) По 32 години, фановите на „Home Alone“ забележале еден клучен детаљ поради кој Кевин бил заборавен

Секоја година љубителите на Божиќ го гледаат на многумина омилениот празничен филм „Home Alone“ и неговите продолженија.

Но, ретко кој ја забележал причината поради која родителите го забораваат малиот Кевин пред заминување на одмор.

Google search engine

Неодамна, 32 години по излегување на филмот, еден Тиктокер објавил објаснување зошто Кевин останува сам дома, а многумина останале прилично изненадени дека не го забележале тој детаљ претходно.

„Го гледав „Home Alone“ сите овие години и не знаев дека таткото ја фрла картата на Кевин“, пишува во видеото.

@cory_4_real #christmas #holidays #homealone #foryou #movies #ohno ♬ Oh No – Kreepa

Имено, таткото на Кевин во една сцена собира отпадоци низ куќата, а во една прилика во кантата завршува и авионската карта на Кевин. Целото семејство брзало да го стигне авионскиот лет, а родителите на Кевин, бидејќи ја немале неговата авионска карта, не сфатиле дека едно дете им недостасува.

Луѓето во коментари не можат да се изначудат бидејќи сите овие години го пропуштале овој клучен детаљ.

„Немаат карта вишок кога се качуваат на авионот па затоа не сфаќаат дека Кевин им недостасува“, „Таткото намерно го направил тоа“, „Сум го гледала филмов 100 пати и никогаш не сум го забележала ова“, се некои од коментарите под видеото кое го погледнале 4,6 милиони луѓе.