Руското министерство за одбрана на својот ТВ канал објавило снимки од борбената мисија на рускиот бомбардер “Su-34” кој бил опремен со ракети воздух-земја со кои биле гаѓани цели во Украина. Се претпоставува дека челичаната “Азовстал” во Мариупол и позиции на украинската војска во Донбас се под силни артилериски напади.
На снимката се гледаат бомбардери “Su-34” кои преземале интензивна улога откако почнала војната во Украина. Ескадрилата која била снимена полетала со ракети земја-воздух “Kh-29”. Некои од авионите имале опрема за електронско војување “SAP-14”.
Ракетата “Kh-29” се наоѓа во оперативна употреба на руската војска од 1980-тите години. Со неа се вооружени сите летала на руската војска. Се работи за ракети со среден домет кои можат да бидат со ТВ и со ласерско наведување. Споменатата ракета припаѓа на третата генерација руски тактички ракети од типот воздух-земја. Се претпоставува дека ласерското наведување е преземено од ракетите “AS-10”.
Russian MoD video showing a Russian Su-34 bomber launching a Kh-29 air-to-ground missile at a target in Ukraine. One Su-34 is also equipped with a SAP-14 EW pod. https://t.co/ehFP2hGQne pic.twitter.com/CvGlcqCSpg
— Rob Lee (@RALee85) April 19, 2022
Ласерско наведување
Ракетата “Kh-29” со ласерско наведување има четири мали неподвижни стабилизатори и четири подвижни делта крила на самиот нос на ракетата и четири делта крила на опашката. Ракетата е долга 3,84 метри, има дијаметар на трупот од 0,34 метри и распон на крила од 1,28. Масата при лансирање е 625 килограми. Ракетата е опрема со конвенционална боева глава со маса од 250 килограми. Ракетата користи полуактивно радарско наведување што значи дека авионот има монтиран ласерски обележувач и мора да биде во зоната на целта додека не ја погоди метата и да се оддалечи. Овој тип на ракета има домет од 12 километри.

ТВ наведување
Слична е на ракетата со ласерско наведување, само има поразличен нос, бидејќи е променет поради сместувањето на главата за ТВ наведување. Во однос на верзијата со ласерско наведување е потешка и стартната маса изнесува 685 килограми. Исто така ракетата има и поголема боева глава од 315 килограми. Овој тим на ракета има домет од 14 километри.
Двете ракети користат цврсто гориво.
Нејзината модернизирана верзија “As-18 Kazoo” е користена во борбените операции кај Николајев.


