(ВИДЕО) Одговорите на српската министерка до новинарите за еколошкиот инцидент во Пирот станаа хит на интернет

Министерката за заштита на животната средина смета дека нема потреба да знае ништо за еколошкиот инцидент во Пирот, ниту кој е одговорен за катастрофата. Се чини дека ѝ е тешко да одговара на прашања од нејзина надлежност, пренесуваат српските медиуми
Веста дека во околината на Пирот се превртела цистерна, од која истекоа 20 тони амонијак, поради што две лица починаа, а над 50 се хоспитализирани, ја вознемири јавноста во Србија.

Министерката за заштита на животната средина, пак, смета дека нема потреба да знае ништо за еколошкиот инцидент во Пирот, ниту кој е одговорен за катастрофата. Се чини дека ѝ е тешко да одговара на прашања од нејзина надлежност, пренесуваат српските медиуми.

Google search engine

Министерката Ирена Вујовиќ одговараше на прашања на прес-конференција, а кога еден од присутните новинари постави прашања за самата несреќа, како и за тоа како се случила, Вујовиќ покажа дека е подготвена на се, освен да одговара на прашања.

„Знаете ли колку Еликсир (група од Шабац, во чија сопственост е товарот што го превезуваше возот што излета од шините кај Пирот) складирал и колку долго?“, праша новинарот.

„Има извештаи од увид“,

одговори Вујовиќ, а на констатацијата на новинарот дека мора да знае, министерката рече:
„Што сум јас должна да знам, и не само за него, туку секој, во цела Србија, има според своите капацитети и складишта, лаборатории, тестови, она што го кажува инспекцијата.

Новинарот повторно рече дека железницата не можела да ја носи таа количина товар, а Вујовиќ одговори: „А што, јас треба да ја мерам количината?“

Министерката потоа продолжи:

„Не знам што ме прашувате, што значи тоа за количина, кој требаше да оди да ја измери количината, кој влегол во вагонот, само кажете ми“, а на прашање на новинарот кој мерел, таа рече:

„Па, веројатно карго“.

„Кој им дозволува“, праша новинарот, на што Вујовиќ одговори:

„Ајде, навистина сте несериозни. Прашајте ме мене нешто како министер за заштита на животната средина што е адекватно, сега губиме време, кажавте дека кратко одговараме“.

Министерката Вујовиќ не застана, туку продолжил со вербалниот конфликт и на новинарот кој ѝ поставуваше прашања му дофрли дека некој му кажува што да ја праша, пренесува Нова.рс.

„Ако оние колеги кои ви праќаат прашања што ги читате од телефон се чудат зошто министерката денеска не е на локацијата, тоа е така затоа што не можеме според закон, а и тие што можат според закон денеска не смеат поради Обвинителството кое е на терен. Навистина ми е жал и колегите пратеници сигурно ќе се загрижат зошто не сум на локацијата“, изјави Вујовиќ.

Начинот на одговарање на министерот набрзо стана хит на Твитер.