Видео од земјотресот во Грција: Се урнала црква, луѓето бегале на улица…

До новото тресење на земјиштето дошло петнаесет дена по силниот потрес со магнитуда од 5,8 на Крит, во кој едно лице загинало, а десетина биле повредени.

Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени го погодило подрачјето во близина на островот Крит, на југот на Грција, соопштила Атинската опсерваторија, а според пишувањето на медиумите, во земјотресот нема жртви.

Google search engine

Епицентарот на потресот кој се почувствувал на островот бил во морето, на 405 километри од Атина, а се случил во 11:24 часот во средноевропско време, се наведува во соопштението.

 

На страницата “EMSC” граѓаните наведуваат дека потресот траел околу 25 секунди. Луѓето во страв почнале да бегаат по улиците, а се урнала и една црква на Крит.

“Куќата се тресеше, многу беше страшно”; “Многу силно и многу долго”; “Зградата се тресеше, излеговме од станот”, се некои од реакциите на потресот.

До новото тресење на земјиштето дошло петнаесет дена по силниот потрес со магнитуда од 5,8 на Крит, во кој едно лице загинало, а десетина биле повредени.