Бритни Спирс му го изговорила „судбоносното да“ на својот вереник Сем Асгари, поради што не можела да ја сокрие големата среќа.
Меѓу другото, таа го одбележала крајот на вечерта танцувајќи со него облечена така што малку ѝ препуштила на фантазијата.
Поп пејачката, која се омажи на 9 јуни, приредила забава за околу 60 гости, меѓу кои и голем број познати личности како Мадона, Дру Баримор, Селена Гомез и Парис Хилтон.
Среќните моменти од церемонијата ги сподели и со своите следбеници на Инстаграм, а се чини дека таа и нејзиниот сопруг ја „обележале“ венчавката со провокативен танц при кој пејачката можеби премногу открила.
View this post on Instagram
Видеото кое ги сумира моментите од венчавката, покажува како младенците на крајот се осамиле и ја искористиле приликата да танцуваат заедно. Бритни била облечена само во црно сако, а под кое, како што откри во описот на видеото, ја носела својата „прва дијамантска танга“.
„П.С. не грижи се, ја носев првата дијамантска танга одоздола… Се надевам дека никого не навредив“, напишала пејачката во својата објава.
Својот стајлинг го надополнила со чевли на потпетици, додека, пак, Сем церемонијата ја поминал во маица со натпис „Бритни и Сем“ и црни панталони.
За потсетување, на венчавката не присуствувале родителите на Бритни, Лин и Џејми Спирс, кои не биле поканети поради старателството над пејачката, кое беше прекинато дури на крајот на 2021 година, поточно во ноември.
Сепак, Лин коментирала на една од објавите на нејзината ќерка, пишувајќи: „Изгледаш блескаво и толку среќно. Твојата венчавка е како сон! Многу сум среќна за тебе! Те сакам!“.