(Видео) Нов гаф на Бајден: Прво рекол дека се двоуми за патувањето во Саудиска Арабија, а неколку секунди подоцна…

Претседателот на САД, Џо Бајден, им рекол на новинарите дека не одлучил дали да ја посети Саудиска Арабија за да ја замоли за повеќе нафта, за неколку секунди подоцна да каже дека навистина планира патување таму.

„Дали решивте да одите во Саудиска Арабија или не“, го прашал Бајден еден новинар. „Не, сè уште не“, одговара претседателот пред камерата. Но, неколку секунди подоцна, додека Бајден зборувал на пистата во Лос Анџелес во подножјето на Air For One, претседателот истакнал дека тој всушност ќе оди.

Google search engine

„Што би ја отежнало одлуката во овој момент? Дали очекувате нешто од Саудијците?“.

„Тоа всушност е поголема средба што се одржува во Саудиска Арабија. Тоа е причината поради која одам“, вели тој.

„Тоа е поврзано со националната безбедност на Израелците. Тоа е поврзано со многу поголеми проблеми од енергијата“.

Се очекува Белата куќа оваа недела да го објави патувањето во Саудиска Арабија и Израел, изјавил во неделата извор запознаен со планирањето.

Патувањето на Бајден, кое се очекува да се случи во средината на јули, би можело да вклучи средба со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, додал изворот.