(Видео) Не знаел дека му наплатил казна за паркирање на Гвардиола: Одговорот на Пеп го изненадил

Пеп Гвардиола не внимавал како паркира, но одлучил и веднаш да ја плати заслужената казна.

Служба е служба, би можело да се каже за случајот кој го пренесуваме. Имено, комунален работник во Манчестер не ни сонувал како ќе му се одвива работниот ден.

Google search engine

Тој го видел непрописно паркираниот автомобил и одлучил да напише казна, но не очекувал дека автомобилот му припаѓа на Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити.

Редарот веднаш го прашал Гвардиола за селфи, а одговорот малку го изненадил.

„Сакаш фотографија? Тогаш мораш да платиш“, на шега рекол Гвардиола додека ја земал казната.

Славниот шпански фудбалски тренер сепак прифатил да направи фотографија со работникот и дофрлил дека следниот пат повеќе ќе внимава како паркира и дека ќе оди веднаш да ја плати казната.