ВИДЕО: На холандски новинар му пукале во глава на улица откако добивал закани од мафијата

Познатиот холандски криминалистички новинар, Питер Р. де Врис, синоќа бил застрелан и сериозно ранет на улица во Амстердам, јави националната телевизија НОС, додавајќи дека тој бил пренесен во болница.

Амстердамскиот весник „Парул“ извести дека очевидци на пукањето рекле оти Де Врис бил застрелан во главата. Весникот објави видео од луѓе собрани околу лице кое лежи на земја.

Реклама

 

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, рече дека Де Врис се бори за живот и е во кристична состојба.

Полицијата започна голема истрага по нападот, а подоцна објави дека уапсила три лица, вклучувајќи го и осомничениот за пукањето.

64-годишниот Де Врис, важи за славна личност во Холандија и честопати се појавува како коментатор во телевизиски програми посветени на борбата против криминалот односно е докажан репортер за криминал со доверливи извори во полицијата и во подземјето.

Тој стана познат како истражувачки новинар откако во 1983 година беше киднапиран пивскиот магнат Фреди Хајнекен, а во САД го истражуваше исчезнувањето на тинејџерката Натали Холовеј во 2006 година. Во неколку случаи, Де Врис добивал закани од криминалното подземје.

Во моментов тој соработувал со клучен сведок во големото судење за организиран криминал.

Според извештаите во медиумите, напаѓачот го застрелал Де Врис откако тој напуштил ТВ студио. Де Врис претходно гостувал во директен телевизиски пренос.

Премиерот Марк Руте го нарече нападот врз Де Врис „напад врз слободното новинарство“.

Реклама