(Видео) МВР со детали за запалените возила на Бит-пазар: Автомобилите се на гостиварец и на двајца скопјани

Опожарените возила кај Бит-пазар се во сопственост на гостиварец и на двајца скопјани, потврди МВР.

„На 8.5.2023, во 3.11 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Цветан Димов во Скопје извувнал пожар во патничките возила „опел“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. С. (41) од Скопје, „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на О. С. (46) од Гостивар, „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. М. (27) од Скопје, и „ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. М. (26) од Скопје“, соопштија од МВР.

Google search engine

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.