Видео Масовна тепачка меѓу млади во Прилеп

Масовна тепачка се случи вчера вечер во Прилеп, а видео снимка од настанот објави „Радио Пела“.

На видеото се гледа како поголема група луѓе се тепаат во центарот на градот, веројатно пред некој ноќен клуб.

Google search engine

Интервенираше и полицијата, а уапсени се неколкумина.

МВР и официјално соопшти за масовната тепачка, а според пријавата повеќе луѓе од селото Лажани нападнале двајца другари. -Синоќа во 05.30 часот Л.М.(19) од Прилеп пријавил дека околу 01.00 часот пред угостителски објект во Прилеп, додека бил заедно со неговиот другар Д.М., биле физички нападнати од повеќе лица од с.Лажани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полицискиот билтен.