(Видео) Малери на вечерта: Фанови на Реал го напуштиле „Бернабеу“ во 80. минута, па добиле забрана да се вратат!

Реал Мадрид се предодреди за драматични завршници во осминафиналето и четвртфиналето во Лигата на шампионите, но сепак она што го приреди во полуфиналето е приказна за себе.

Тимот на Карло Анчелоти беше отпишан од многумина и влезе со негатива од два гола во 90-та минута од мечот, по што следуваше чудо и два гола од Родриго за продолженија и пласман во големото финале во Париз.

Google search engine

Играчите на навивачите на Реал се погрижија за нова незаборавна ноќ на „Бернабеу“ со пресврт кој ќе се прераскажува, но сепак десетина фанови на „кралскиот клуб“ се губитници на вечерта во ЛШ.

 

Иако нивниот тим се пласираше во големото финале, нивните потези се најдоа во прв план поради тоа што беа снимени од страна на новинарите кои беа пред стадионот.

Одредени навивачи решиле да ги напуштат трибините во 80-та минута од мечот, но по двата гола на Родриго, поради политиката на клубот, добиле забрана да се вратат назад и продоженијата ги гледале однадвор. Лекцијата сигурно ја научија, а истовремено станаа и вирален хит поради судбината која ја доживеаја.