Видео: Коњ трча во спротивен правец на автопатот Скопје – Тетово!

Коњ кој влече запрежна приколка предизвикал огромна опасност на автопатот Скопје-Тетово откако тргнал да трча во спротивен правец на автопатот.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека во потерата по него се вклучиле повеќе полициски возила, но не можеле да го запрат коњот кој трчал со голема брзина.

Google search engine

Kоњот најверојатно избегал од својот сопственик-жител на некое од селата на потегот Скопје – Тетово, а за среќа, немаше сообраќајна несреќа.