Видео кое го обиколи светот, но што е вистина? Талибанците тврдат дека се убиени цивили, Американците негираат

Кој пукал, кога пукал? Кој е убиен, дали се мртви или пак се прегазени, или пак станува збор за луѓе кои паднале на земјата од исцрпеност?

Има многу информации, но малку потврдени. Во превод – повеќе не се знае кој што прави…

Google search engine

Руската агенција „Спутник“ утрово навела дека неколку луѓе биле убиени кога американските трупи отвориле оган на аеродромот во Кабул.

„Неколку луѓе загинале додека американската војска отворила оган на Авганистанците на аеродромот во Кабул“, изјавил извор на безбедносните сили за „Спутник“ (само не е наведено чиј извор на безбедносните сили – талибански, американски или авганистански).

Агенцијата „Франс-прес“ претходно извести дека американската војска пукала во знак на предупредување за луѓето од аеродромите да ги врати назад.

Дали има или пак нема мртви сега во оваа ситуација во која таму владее општ хаос тешко е да се дознае.