Моделот и инфлуенсер Стефан Спирковски е еден од двајцата повредeни кои пред два дена паднаа во бездна на планината Караџица возејќи се со четирицикл.
Имено, во текот на вчерашниот ден од МВР излегоа со информации за несреќата на локалниот пат од место викано „Мала Река“ кон с. Горно Количани, скопско – дека на осми ноември, 17-годишна малолетничка и 29-годишник со четирицикл излетале од патот, паднале во провалија, и со тешки повреди биле пренесени во болница.
View this post on Instagram
Вчеравечер Спировски објави видео снимено во болнички кревет во Државна болница, во кое објасни што се случило, а во описот напиша: „Митровден е мојот нов роденден. Голема благодарност до Брза помош, Противпожарната екипа и вработените на ургентен центар. Фала ви на сите за грижата“.
„Како што знаете, вчера бевме на Караџица. На враќање, сакаше Илина да вози (другарката на сестра ми), јас бев совозач. Во една кривина излета и се тумбавме во провалија некои 50 метри. Среќа што имавме кациги. Јас поминав со скршеница на раката, имам скршено две ребра и мало оштетување на црниот дроб. Страшна беше ситуацијата. Удрив во еден камен, изгледа тогаш ми беше излетана кацигата. Се имав задржано на две гранки. Така чекав некои четири саати да дојдат од Пожарна и од Црвен крст. Ме ставија на кревет и со дизалица ме кренаа нагоре. Вечерта ме примија во Државна болница и потоа ме оперираа. Нема да можам да мрдам некој период, мислам дека тоа најтешко ќе го поднесам. Но ќе дадам сè од себе да останам психички стабилен“, вели Спирковски во своето видео обраќање од Државна болница.